Обвинителството се сомнева дека се купувале реклами во таблоид, во замена за разубавување на анкетите на јавното мислење во корист на ОВП
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, е под истрага, под сомнение за корупција, објавија денеска обвинителите за борба против корупцијата, по претрес во канцелариите на владејачката Народна партија на Австрија .
Освен Курц, по истрага се уште девет лица, се наведува во соопштението што го пренесува Ројтерс.
EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT FOTO:EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Австриските медиуми објавија дека обвинителството се сомнева дека Министерството за финансии купувало реклами во еден таблоид во замена за известување и разубавување на анкетите на јавното мислење во корист на канцеларот Курц и неговата партија.
Вчера, Курц учествуваше на Самитот на Европската народна партија во Љубљана, каде што истакна дека Австрија би сакала да се одреди краен датум за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Австрискиот канцелар присуствуваше и на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.