Според најавите од УХМР, наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и за денеска најавува сончево време, со мала до умерена облачност во претпладневните часови.
Попладне пак, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Според најавите од УХМР, наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

,