Според Управата за хидрометеоролошки работи, слично време ќе преовладува и во текот на утрешниот ден, а од од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои наместа се очекува да бидат поројни и проследени со грмежи
Денеска во претпладневните часови времето во земајва се очекува да биде сончево со умерена облачност, а попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи во интервал од четири до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за развој на нестабилна облачност. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, слично време ќе преовладува и во текот на утрешниот ден. Веќе од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои наместа се очекува да бидат поројни, проследени со грмежи.