Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура се очекува да биде во интервал од 11 до 18, а максималната да достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Најавено е да дува слаб ветер од јужен правец, минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 35 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во деновите од викендот и во вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Од среда се очекува стабилизирање на времето.
