Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 16 до 23 степени
По утринската магла во одделни котлини во државата, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 16 до 23 степени.

Времето во Скопје ќе биде магливо во делови од котлината во претпладневните часови, а преку денот се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност и ветер од југоисток.
Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од минимални 4 до максимални 20 степени.
Според УХМР, утре ќе се задржи сончевото и стабилно време, а од понеделник се најавува пад на дневните температури за неколку степени и променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Од среда повторно се очекува стабилизирање на времето.
