Пресечен меѓународен транспорт на дрога во Дебарско, а запленета е и марихуана во вредност од околу 70 илјади евра, пренесе МИА повикувајќи се на свои извори.
Според информациите, во полициската акција што се одвивала денеска се приведени и три лица.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека имало полициска акција, но детали најавуваат за во текот на утрешниот ден.