Во аудиоматеријалот што се појави вчера и за кој се тврди дека е снимен во Собранието се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него, а потоа ги брка со зборовите „бегај, бегај, „сус бре“, а се користат и пцости
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ја прегледал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери во која со навредливи зборови им се обраќа на вработените во собраниските служби, но не може да ја коментира зашто, како што изјави, од неа не може да се заклучи ниту кој разговара ниту со кого разговара.
„Таа снима ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина, не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува“,
одговори Ковачевски на новинарско прашање.
Од кабинетот на Џафери, пак, информираа дека тој нема да дава изјава во врска со случајот.
Во аудиоматеријалот што се појави вчера и за кој се тврди дека е снимен во Собранието, се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него, а потоа ги брка со зборовите „бегај, бегај, „сус бре“, а се користат и пцости.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, синоќа побара оставка од спикерот оценувајќи го односот како скандалозен и недозволив.