Утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, а попладне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола
Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре е во посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел, што е негова прва посета откако е на функцијата.
Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а на средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9:30 часот.
Попладне премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена в петок претпладне.
Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Што се однесува до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската комисија.
Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.