Организатори на конференцијата, како што се наведува во соопштението од Владата, се српскиот претседател Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка во земјата
Премиерот, Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи утре во Белград ќе учествуваат на конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во змејите од Западен Балкан.
Организатори на конференцијата, како што се наведува во соопштението на Владата, се српскиот претседател Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка во земјата.
Ковачевски и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија ќе бидат пречани од претседателот на Србија, Вучиќ и заменик-министерот за енергетика и специјален пратеник на премиерот на Норвешка, Андреас Б. Ериксен во Палата Србија каде ќе се одржи настанот.
„Сите лидери од Западен Балкан е предвидено да учествуваат на официјалното отворање на Конференцијата и на панел дискусија посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори“,
се наведува во соопштението од Владата.
Околу пладне е предвидена заедничка прес-конференција на која ќе говорат Ковачевски, Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија.