Брендот Џејмс Бонд се смета за стожер на британската филмска индустрија. „Не е време да се умре“ го држи и рекордот за најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути
Во рамки на премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд “Не е време да се умре“ (No Time to Die), британската Амбасада во Скопје покани пријатели од филмската индустрија, културната дејност и бизнис секторот од Обединетото Кралство и Северна Македонија на премиерата на 25. филм за легендарниот агент.
„Брендот Џејмс Бонд е стожер на британската филмска индустрија. ‘Не е време да се умре’ го држи и рекордот за најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути“,
велат од британската Амбасада.
Филмот има и најголем број прикажувања во кино-салите од сите други филмови во историјата на Обединетото Кралство, односно имаше прикажувања во 772 кино сали со повеќе од 9 000 претстави дневно.

Амбасадорката Рејчел Галовеј на премиерата носеше креација изработена од одржливи материјали што го дизајнираше еден од студентите по моден дизајн кои учествуваа на Ревијата на одржлива мода во организација на Британската амбасада Скопје како дел од овогодинешните прослави на роденденот на Кралицата Елизабета Втора.

„Ковид-19 имаше значително економско и социјално влијание врз културниот и креативниот сектор во светски рамки. Поддржете ги со тоа што ќе го гледате одличниот филм Џејмс Бонд #NoTimeToDie #007 во кино салите во Северна Македонија“, порачуваат од британската Амбасада.