Тренчевска денеска ќе одржи средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и вицепремиерот за економски прашања Фтмир Битиќи, на која ќе се разговара за зголемување на минималната плата на 18 000 денари и скалесто зголемување на другите плати, што беше барање на ССМ изминатиот период
Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза, изјави за МРТ министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска пред денешниот состанок на Сојузот на синдикати и Владата на кој ќе се расправа за зголемување на минималната плата.
„Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18 000 денари, а до крајот на мандатот на 20 000 денари“,
рече министерката Тренчевска во интервју за МРТ.
Тренчевска денеска ќе одржи средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и вицепремиерот за економски прашања Фтмир Битиќи на која ќе се разговара за зголемување на минималната плата на 18 000 денари и скалесто зголемување на другите плати, што беше барање на ССМ изминатиот период.
„Ќе разговараме за минималната плата и за дијалогот што ќе го продолжиме понатаму во Економско социјалниот совет за да изнајдеме најдобро решение прифатливо за сите“,
рече министерката Тренчевска во интервјуто.
Синдикатот бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18 000 денари во нето-износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето-плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите други плати во државата.
Освен тоа, бараат и потпишување општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се врати регресот за годишен одмор познат како К-15.