Седум приведени лица во текот на полициски час изминатата ноќ евидентира СВР Тетово. Од лишените од слобода двајца, се странски државјани, а тројца се малолетници.
„Прво во 21:35 часот во Желино, движејќи се со возило ‘голф’, биле затекнати две лица, возач на 29 години од истото село и сопатник на 28 години од Требош. Десетина минути по полноќ, на улица ‘Илинденска’ во Тетово, приведени се Т.М. (28) и Б.Ц. (30) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето и кои ја прекршиле забраната за движење. Во 01:45 часот на улица ’29 Ноември’ затекнати се малолетници на 13, 14 и 17 години кои се приведени во присуство на родител“,
информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР-Тетово.
За неносење заштитни маски на 30 луѓе им се изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба.