Полицијата регистрирала 585 прекршоци за неносење заштита на лице во изминатото деноноќие. На територијата на државата на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 потпишале изјави за самоизолација.
Како што соопшти МВР, при контролите не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
