Гугл сè уште нема официјален коментар за причината и времетраењето на прекинот, а корисниците во регионот продолжуваат да пријавуваат проблеми, иако во голем дел ситуацијата веќе се нормализира

Некои услуги на Гугл, вклучувајќи го и Јутјуб, денеска не беа достапни во некои делови од Европа. Тековниот прекин на услугите на Гугл предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот.
Проблемите со користењето на Гугл се пријавувале на платформата downdetector.com и на социјалните мрежи од корисници во Бугарија, Турција, Грција, Северна Македонија и други земји од Источна Европа.
Корисниците не можеа да ги користат пребарувачот на Гугл, Јутјуб, Гугл мапс, електронските сандачиња и пристапот до документи на Гугл драјв.
На Јутјуб не можеше да се пуштаат видеа, а на Гугл мапс не се вчитуваа податоци и не можеше да се пребаруваат локации.
Основниот пребарувач враќаше пораки за грешка или не можеше да ги заврши пребарувањата.
Исто така, корисници пријавувале проблеми со испраќање и примање електронска пошта, а и пристапот до документи и датотеки беше нарушен за многумина.
Корисниците меѓу пораките за грешка добивале „грешка на серверот 5xx“, што укажува на проблем од страната на Гугл, а не со индивидуалната интернет-врска на корисникот.
Гугл сè уште нема официјален коментар за причината и времетраењето на прекинот, а корисниците во регионот продолжуваат да пријавуваат проблеми, иако во голем дел ситуацијата веќе се нормализира.