Според првичните информации, во сообраќајката едно лице е тешко повредено

Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино утрово е во прекин поради излетано возило.
Со возилото управувала 47-годишна жена која изгубила контрола по што кај тунелот Т1 излетало од патот.
Според првичните информации, во сообраќајката едно лице е тешко повредено.
„Денеска во 8:40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1, на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило ‘фолксваген’ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек“,
информираат од СВР Велес.