Во центарот на Загреб, пред зградата на хрватската Владата утрово бил застрелан полицаец, пренесуваат хрватските медиуми.
Според хрватски „Дневник“, ранетиот полицаец е префрлен во болница и неговата состојба е стабилна. Напаѓачот, кој избегал од местото на настанот, извршил самоубиство и неговото тело е пронајдено, соопштила хрватската полиција.

Телевизијата „Н1“ пренесува дека меѓу првите кои пристигнале на местото на вооружениот инцидент е вработена во околните дуќани, која изјавила дека слушнала рафално пукање од два или повеќе пати.
По инцидентот, пред владата пристигнал и премиерот Андреј Пленковиќ.