Министерот Филипче денеска повторно зборуваше за кинеските вакцини и нагласи дека треба да пристигнат во земјава во петок. Тие веќе се пристигнати од Кина на аеродромот во Истанбул, Турција. Оттаму ќе бидат префрлени во Србија, а потоа ќе се транспортираат во земјава
Верските лидери за Велигден и Рамазан бајрам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезе и обврската тие да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките.
„Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде што притисокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција, како што беше случај на почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие зедоа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува“,
истакна Филипче.
Министерот денеска повторно зборуваше за кинеските вакцини и нагласи дека треба да пристигнат во земјава во петок. Тие веќе се пристигнати од Кина на аеродромот во Истанбул, Турција. Оттаму ќе бидат префрлени во Србија, а потоа ќе се транспортираат во земјава.
„Тоа што ние очекуваме да стигне во следниот период се кинеските вакцини, и тоа во петок најверојатно рано наутро од Белград. Веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Потоа, меѓу 5 000 и 7 000 вакцини на ’Фајзер‘ секој следен понеделник во мај, близу 26 000 и очекуваме информација од ковакс-системот“,
рече Филипче.
