Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник ќе се зголеми облачноста и ќе има локални врнежи од дожд

Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат за денеска од УХМР.
Дневните температури ќе бидат од 20 до 26 степени, но во текот на ноќта и утринските се најавува дека ќе бидат во интервал од минус еден до девет степени.
Слично ќе биде времето и во Скопје, за каде се очекува мала облачност, со минимална температура до 5 степени, додека максимална до 24.
УХМР најавува дека стабилното време со ниски утрински и релативно високи температури ќе се задржи до понеделник, а само по одделни котлини би можело да има слаба утринска магла.
Меѓутоа, од вторник се очекува да се зголеми облачноста и да има локални врнежи од дожд.

