Според анкетата што ја објави француската онлајн телевизија БФМТВ, за Макрон би гласале 26 отсто од Французите, што е пад од два отсто, додека Ле Пен би добила 22 отсто од гласовите
Во првиот круг в недела ќе учествуваат вкупно 12 кандидати
На три дена пред првиот круг од претседателските избори закажан за в недела се стеснува разликата меѓу актуелниот претседател Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен, кои се фаворити за вториот круг од изборите, објави француската онлајн телевизија БФМТВ.
Според оваа анкета, за Макрон би гласале 26 отсто од Французите, што е пад од два отсто, додека Ле Пен би добила 22 отсто од гласовите. Лидерот на радикалната левица Жан Лук Меланшон би добил 17 отсто, а пред една недела имаше поддршка од 15 отсто.
Според истата анкета, Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би добила 47 отсто. Пред една недела тој сооднос беше 55-45 отсто од гласовите.
Другите кандидати би освоиле помалку од 10 отсто од гласовите.
Десничарскиот кандидат Валери Пекрес, кој некогаш се сметаше за посериозен противник на Макрон, и кандидатот на екстремната десница Ерик Земур ќе добијат по девет отсто од гласовите.
Екологистот Јаник Јадо би освоил околу пет отсто, а комунистката Фабиен Расел три отсто.
Ана Идалго, градоначалничката на Париз, која е кандидат на социјалистите, би добила околу два отсто.
Во првиот круг ќе учествуваат вкупно 12 кандидати. Молкот започнува вечерва на полноќ и ќе трае до недела во 20 часот кога ќе бидат затворени гласачките места.