Светската органзиација апелира да нема олабавување на рестрикциите дури ни за празниците
Вкупниот број на лица заразени со новиот коронавирус во светот надмина 70 милиони (70 461 926), покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација, додека бројот на смртни случаи од последиците предизвикани од вирусот надмина 1,67 милиони. Повеќето земји од ЕУ воведоа ограничувања и за време на претстојните празници ќе бидат во карантин, за да се намали бројот на заразени и да се забави ширењето на вирусот.
Анализата на Светската здравствена организација покажува дека ширењето на вирусот постојано се забразува и се постојано се скратуа периодот за кој тој се шири кај ист број жители.
Така, првите 10 милиони луѓе се заразиле за шест месеци, кај следните десет милиони вируост се проширил за 40 дена, додека за третата група 10 милиони заразени биле потребни само само 17 дена.
Затоа, Светската органзиација апелира да нема олабавување на рестрикциите дури ни за празниците.
Германија и Литванија се меѓу земјите на ЕУ од каде доаѓаат најновите информации за мерките – и двете земји ги заоструваат мерките од среда, кои ќе бидат на сила до средината на јануари – што веќе станува правило за повеќето земји на ЕУ.
„Би сакал да објавиме поблаги мерки. Апелиравме дека е потребно да се намалат контактите за 70-75 проценти, но стигнавме до максимум 40 проценти. Поради божиќниот шопинг, бројот на контакти дополнително се зголеми и затоа мора да примениме построги мерки. Свесни сме дека тоа ќе има големо влијание, но мора да го спречиме притисокот врз здравствениот систем “,
изјави германската канцеларка Ангела Меркел, најавувајќи ги мерките.
Повеќето граѓани на Европската унија ги почитуваат препораките на властите, но се повеќе од нив протестираат против ограничувачките мерки. Има и такви кои свесно ги кршат мерките, па се повеќе има вести за масовни апсења.
По „забавата“ во Белгија и скандалот со унгарскиот европратеник, белгиската полиција разби уште еден сличен собир за време на викендот, на кој присуствувале 50 лица, и во Франција, со повеќе од 500 присутни.
Поради сегашните трендови, властите ширум Европа во сезоната на празници вегуваат со голема претпазливост.
Спроведувањето на строги мерки во многу европски земји ќе биде строго контролирано, а божиќните пазари и новогодишните прослави се откажани или ќе се одржат онлајн.
Но, некои градови сепак ќе организираат новогодишните прослави, иако тие ќе изгледаат сосема поинаку.
Последните информации за новогодишната ноќ доаѓаат од Париз, каде еден од пионерите на електронската музика, Жан-Мишел Жар, ќе одржи новогодишен концерт. Сепак, тој ќе биде од неговот студио и ќе се пренесува преку Интернет, со тоа што неговиот аватар ќе се појави во дигиталната верзија на црквата на Нотр Дам.
За првпат во последните 200 години нема да се служи Божиќна миса во Нотр Дам поради пожарот.
