„Како мала европска земја, посветени сме на интегрирање на Целите за одржлив развој во нашите стратешки документи. Речиси две третини од ЦОР се поврзани со реформите на Европската Унија, најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ОН е услогласена со нашата Национална стратегија за развој 2024-2044“, кажа таа
Пристапот до праведно финасирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства во справување со глобалните предизвици. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, што под покровителство на Обединетите нации се одржува во Севиља.

„Пред осумдесет години, Обединетите нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна со цел да се спречат идните војни, да прекине колонијализмот и да се обединат нациите зад глобалните напори, како што се Парискиот договор и Целите за одржлив развој (ЦОР). Осумдесет години подоцна многу од овие достигнувања, за жал, се поткопани од геополитилкото ривалство, економска фрагментација и системските ризици“,
вели претседателката во говорот на Конференцијата.
Посочи дека мултиратералните напори за спроведување на ЦОР и справувањето со итните глобални предизвици, како сиромаштијата, нееднаквоста, климатските промени и неправдата, често се сметаат за Донкихотовска мисија.
„И покрај овие неуспеси, веруваме дека подобар свет е можен, дури и ако патот е тежик. За да ја ревитализираме ООН и да го зајакнеме нејзиниот мултиратерален систем го усвоивме Пактот за иднината како нов глобален Русоов општествен договор. Во сржта на секој општествен договор лежи фундаменталната вистина дека сите страни делат одговорност не само да ги почитуваат своите права, туку и должност да се грижат за системот. Социјалниот договор не е пасивен договор, туку жива обврска“,
кажа таа.

Според неа, финасирањето на развојот мора да ги обезбеди стратегијата, капиталот и мултилатералната поддршка во кохерентен екосистем.
„Како мала европска земја, посветени сме на интегрирање на Целите за одржлив развој во нашите стратешки документи. Речиси две третини од ЦОР се поврзани со реформите на Европската Унија, најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ОН е услогласена со нашата Национална стратегија за развој 2024-2044“,
рече претседателката во обраќањето.
На нашето патување кон подобра иднина, Сиљановска-Давкова рече дека доверливи партнери се агенциите на ОН и агенциите за развој на земји, како Австрија, Германија, Јапонија, Словачка, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија и други, чекорат со нас.
Таа упати и благодарност до ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и до меѓународните финасиски институции, како ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд Западен Балкан за поддршка преку проектите во областите зелена транзиција, здравството, образованието и инфраструктурата.
„Можеби изгледа дека се бориме со ветерниците на нашето време, но и покрај пречките, мора да продолжиме во нашта потрага по подобар, поодржлив свет. Како одговорна страна на глобалниот општествен договор, го поддржуваме ‘Договорот од Севиља‘ за финасирањее на развојот“,
заклучи претседателката.
Претседателката ја предводи македонската делегација на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља што се одржува под покровителство на Обединетите нации.
Во друштво на претседателката се и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска.
Целта на лидерскиот собир во Севиља е изнаоѓање решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор. На конференцијата треба да биде усвоен заеднички документ „Договорот од Севиља“