Владата во вторникот го избра Савески како кандидат за нов државен јавен обвинител од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење
В среда во 11 часот е закажана собраниската седница на која пред пратениците ќе се најде владиниот предлог – судијата Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител.

Информацијата за седницата е објавена на веб-страницата на Собранието. За избор на државен јавен обвинител потребно е апсолутно мнозинство во Собранието, односно најмалку 61 глас.
Владата во вторникот го избра Ненад Савески како кандидат за нов државен јавен обвинител. Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење. Портпаролката на Владата, Марија Митева, по седницата изјави дека одлуката е донесена по конструктивна дискусија во која се разгледувале сите аспекти на кандидатите – од професионално искуство до личен интегритет.
Премиерот Христијан Мицкоски пред два дена изјави дека лично не го познава судијата Ненад Савески, кој вчера од Владата беше избран како кандидат за нов државен јавен обвинител.
