Оттаму повикаа Собранието што поскоро да ја формира и Анкетната комисија да започне со работа. Од СДСМ им порачаа на сите пратеници од сите политички партии да ја поддржат иницијативата и активно да учествуваат во процесот

Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани. Кон иницијативата, која беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените во пожарот, се придружија и пратениците од Левица, информираат од СДСМ.
„Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност. Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа“, соопштија од СДСМ.
Оттаму повикаа Собранието што поскоро да ја формира и Анкетната комисија да започне со работа. Од СДСМ им порачаа на сите пратеници од сите политички партии да ја поддржат иницијативата и активно да учествуваат во процесот.
