Филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако беше снимен во 1994 година. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција
Во пресрет на доделувањето на „Оскарите“, на Јутјуб беше објавено кратко видео во кое повеќе филмски продуценти и актери зборуваа за тоа кој филм или филмска сцена ги инспирирала да патуваат односно, да посетат некоја земја.
Имаше различни одговори и секој од нив сподели за тоа која земја сака да ја види. Познатата актерка Глен Клоуз во својот одговор го посочи филмот на Милчо Манчевски, „Пред дождот“, и токму Македонија како дестинација која би сакала да ја посети.
„Има филм, се вика ‘Пред дождот’. Снимен е во Македонија. Очигледно е многу стара и многу се има случено во таа земја. Никогаш не излезе од моите мисли“,
вели Клоуз во краткото видео.
Инаку, филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако беше снимен во 1994 година. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.
