Двата „ертрактори“ првично беа вклучени во гаснењето на пожарот над Отовица во Велес, а потоа продолжија со помагање во борбата со пламените јазици меѓу скопските села Бучинци, Миладиновци и Групчино

Двата авиони „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден полициски хеликоптер прецизно дејствувале при гаснењето на пожарот над велешко Отовица и сега тој е локализиран.
Овој пожар избувна попладнево околу 14 часот и зафати поголема површина на борова шума, а во гаснењето се вклучија 20-ина пожарникари, вработени во ЈКП „Дервен“ и месното население. Во моментов, над Отовица сè уште дејствува полицискиот хеликоптер.

Двата авиони на ДЗС, пак, сега се вклучени во гаснење на пожар во Скопско кој избувна меѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.