Очекувањата на директорот на ЦУК се дека во наредните неколку часа огнот ќе биде целосно изгаснат

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во Дневникот на Сител ТВ посочи дека пожарот во поранешната фабрика „Македонија Табак“ во Тетово е под целосна контрола а во наредните неколку часа се очекува и целосно да биде изгаснат.
„Очекуваме во текот на наредните неколку часа пожарот да биде сосема изгаснат. Овој црн чад не е показател за силината на горење, односно сега пламенот е многу послаб, температурата е падната за разлика од она што се случуваше во текот на денот“,
изјави Ангелов.
Во гаснењето на пожарот беше активиран и хеликоптер од МВР, а на помош на тетовските пожарникари дојдоа и нивните колеги од Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци.