Меѓу оние кои активно гасат се и десетина доброволци, вработени во Јавното комунално прерпријатие, Шумското стопанство, луѓе од локалната самоуправа и пожарникари од Делчево и од соседни општини
Ситуцијата со пожарот во Пасјак е стабилна, но во опасност во моментот се Курјачко маало и Балабанци при што зафатен е дел од туристичкиот локалитет Истевнички Кукуљ.

„Во моментов, најзагрозено е маалото Балабанци и Курјачко маало, исто така во голема опасност е локалитетот Истевнички кукуље каде мал дел веќе е зафатен од пожарот. Имаме две машини на терен вклучително и багер кои прават појас да не се шири пожарот“,
вели делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој веќе неколку дена ги координира работите, информираше дека во моментот во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од екипата пожарникари од Бугарија.
Меѓу оние кои активно гасат се и десетина доброволци, вработени во Јавното комунално прерпријатие, Шумското стопанство, луѓе од локалната самоуправа и пожарникари од Делчево и од соседни општини.
На небото над Делчево околу 10 часот имаше чад кој носен од ветерот се забележуваше во градот. Во моментот чадот се расчистува, но во далечина се уште се забележуваат густите облаци од пожарот кој веќе е проширен во блиските маала кај Пасјак и селото Нов Истевник.