Големиот пожар што избувна денеска во магацин на деловна зграда во Истанбул е изгаснат
Густиот чад што се издигна над населбата Есенјурт го исплаши населението, кое е веќе загрижено поради пожарите што го зафаќаат југозападниот дел на земјата.
Локалните медиуми јавуваат дека пред пожарот имало експлозија, но дека нема повредени, а причинета е материјална штета во магацинот кој е целосно изгорен. Причините за експлозијата и пожарот сѐ уште не се познати.
Како што пренесуваат аhaber.com.tr, пожарот избувнал во магацин во кој имало разни предмети, како бела техника, облека и стаклени садови, кои ѝ припаѓаат на компанијата.
Градските власти соопштија дека пожарот е изгаснат со помош на 39 противпожарни возила и 105 пожарникари.
„Преземени се неопходните безбедносни мерки за да се спречи експлозија на материјали во магацинот, а околните патишта се привремено затворени за сообраќај и за пешаци. Според првите информации, во инцидентот нема повредени или жртви“,
се вели во соопштението на градските власти што го пренесува аhaber.com.tr.