Пожарот во Пехчево кај Бајаз Тепе е, исто така, активен и се проширува кон општина Берово на непристапен терен околу селото Будинарци
Пожарот во Делчевско е активен, а се појавиле две нови жаришта и тоа во селото Разловци на месотот викано Чокалица, додека другата локација е во атарот на село Тработивиште и Нов Истевник, над Света Вода.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), и на двете локации интервенираат противпожарни екипи, припадници на Армијата, полициски службеници и вработени во шумските стопанства.
Пожарот во Пехчево кај Бајаз Тепе е, исто така, активен и тој се проширува кон општина Берово на непристапен терен околу селото Будинарци. На овој пожар се интервенира со припадници на Армијата, месното население, како и припадници на екипите за помош од Австрија и од Словенија.

Реактивиран е и пожарот во Скопско кај селата Раовиќ и Буковиќ и гори мешана шума. Таму се интервенира со неколку противпожарни возила и екипа на шумското стопанство „Караџица“.
Пожар има и во општина Петровец во село Дивље на месотото викано Крушје. Гори дабова шума и на овој пожар ќе се интервенира од воздух. Пожари има и во Прилепско и Велешко каде веќе се испратени екипи да делуваат.