Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен, вели градоначалникот Шилегов
Пожарот кој вечерва избувна кај пругата, во близина на средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје, е под контрола.
Гореше сува трева, а пожарникарите за кратко време го локализираа.
„Пожарот околу пругата (сува трева) е ставен под контрола. Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен. Противпожарната бригада на Град Скопје, како и секогаш е на висина на својата задача“,
објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.