Пожарникарите работат на доизгаснување на остатоците, а со патролирање ќе продолжат и во текот на ноќта
Пожарот околу Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„На некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор, но нема опасност од негово ширење“,
вели тој.
Противпожарните екипи работат на доизгаснување на остатоците, а со патролирање ќе продолжат и во текот на ноќта.
Претходно, Ангелов соопшти дека ееден „ертрактор“ на ДЗС е успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Прееспанското Езеро.
Вториот „ертрактор“ делуваше врз пожарот кај Желино и Еребино.
Полицискиот хеликоптер го гасеше пожарот во прилепско, кај селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. На таа локација сее гаси и со еден армиски хеликоптер.