„Пожарот што некој го предизвика ова попладне, поради ветрот се ширеше со голема брзина кон селото. Пожарникарите и локалното население интервенираа и го успорија пожарот, но ‘ертракторите’ придонесоа тој да се стави под делумна контрола“, вели Ангелов
До 18:30 часот на територијата на државата се евидентирани вкупни 16 пожари на отворено, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на следните локации:
- Општина Василево, Радовиш и Берово, кај селото Нивичино на планината Голем Готеен и Малешевските планини;
- Општина Прилеп кај селото Бешиште кон селото Градешница;
- Општина Македонски Брод кај селото Црешнови;
- Општина Ресен кај селото Долно Перово;
- Општина Штип кај селата Драгоево и Селце.
Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување во видео-обраќање од Преспа рече дека пожарот што изби кај селото Долно Перово на брегот на Преспанското Езеро зафати поголема површина на трска.
„Пожарот што некој го предизвика ова попладне, поради ветрот се ширеше со голема брзина кон селото. Пожарникарите и локалното население интервенираа и го успорија пожарот, но ‘ертракторите’ придонесоа тој да се стави под делумна контрола“,
кажа тој.
Посочи дека се изгорени голем број на овоштарници, од што егзистира тамошното население.
„Апелирам до сите граѓани да го пријават секое сомнително делување на поединци, зашто овој пожар не е предизвикан случајно, туку злонамерно. Ги повикувам и жителите да направат мек појас околу нивните ниви, односно неколку метри изорана површина во која нема трева, со што нема да постои голема опасност од пожарот“,
вели Ангелов.
Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски претпоставува дека овој пожар е подметнат, бидејќи веќе неколку пати се случува да гори во овој дел од брегот на Преспанското Езеро.