Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување информира оти огнот се приближил кон зелениот пат кој е линија на одбрана
Состојбата со пожарот во Националниот парк „Јасен“ се влошува, а огнот на едно место се искачи до гребенот, но благодарение на брзата интервенција беше запрен, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој вели оти огнот се приближил кон зелениот пат, кој е линија на одбрана за да не се префрли од другата страна, а на терен се вработени во Јавното претпријатие „Јасен“, како и пожарникари од Македонски Брод, но и возачите на „пинцгауерите“ на ДЗС.
Претходно денес, Ангелов информираше дека пожарот кај „Јасен“ повторно се реактивирал и оти слабиот дожд што заврнал вчера не бил ни приближно доволен да го изгасне.