Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски, во изјава за МИА вели дека интервенирале со четири возила и 15 пожарникари
Пожарникари од Противпожарната единица на Град Скопје денеска спасиле едно лице кое било во куќа во населбата Радишани во која денеска избувнал пожар.
Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски, во изјава за МИА вели дека интервенирале со четири возила и 15 пожарникари.
За пожарот, Противпожарната единица на Град Скопје информираше и на својата официјална фејсбук-страница.
„Благодарение на брзата интервенција на противпожарната бригада, пожарот за брзо време беше локализиран и изгаснат, спасено беше лицето кое беше во куќата. Нема повредени во настанот“,
се вели во објавата на Фејсбук.
