Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово бил пријавен во 19:05 часот
Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вечерва по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70.

„Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19:05 часот“,
информира за МИА Авни Амети од ТППЕ Тетово.
Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено.
Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.
