Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил зад помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата
Пожар избувнал синоќа околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, објави МИА.

Во пожарот се опожарени една куќа и помошна просторија.
Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил зад помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.
Како што информираа од МВР, во пожарот нема повредени лица.
„На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Јуриј Гагарин’ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М. Б. (73), И. С. (41) и М. А. (53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“,
соопштија од полицијата.
Во тек е увид на местото на пожарот.