Пожарот се појавил на инсталација на системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот
Брзата интервенција на кочанските пожарникари спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуално негово експлодирање
Пожар избувна синоќа во пречистителна станица за отпадни води во селото Мојанци, Кочанско, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Кочани.
Настанот се случил синоќа околу 20:30 часот, а во гаснењето на пожарот учествувале осум пожарникари со четири противпожарни возила.

Пожарот се појавил на инсталација на системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот.
Според командирот на ТППЕ, Кочани Дарко Апостолов, пожарот зафатил дел од системот за прочистување на метан, но е навремено изгаснат.
„Пожарот е изгаснат. Нема опасност“,
рече тој доцна синоќа.
Причините за пожарот што предизвика материјална штета допрва ќе се утврдуваат.
Инаку, брзата интервенција на кочанските пожарникари спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуално негово експлодирање.
