Tри лица починале од изгореници, додека другите од задушување. Отворена е истрага за причината за пожарот
Најмалку 25 лица загинаа, а шест се повредени во индиската држава Гоа по пожар во популарен ноќен клуб вo Арпора, соопштија официјални лица, додека владата нареди истрага за трагедијата.
Полицијата верува дека експлодирала гасна боца во кујната на клубот, предизвикувајќи пожар што го зафатил местото.
Меѓу жртвите имало четворица туристи и 14 членови на персоналот, соопшти полицијата.
Главниот министер на Гоа, Прамод Савант, нареди истрага за инцидентот, ветувајќи „строга акција“ против одговорните.
„Наредив судска истрага за целиот инцидент за да се идентификува причината и да се утврди одговорноста“,
рече Савант.
Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека разговарал со Савант и им изразил сочувство на ожалостените семејства. Моди објави дека неговата канцеларија ќе понуди отштета до 200 000 рупии (2 200 долари) за секое семејство на жртвите и 50 000 рупии (550 долари) за повредените.
„Несреќата со пожарот во Арпора, Гоа, е длабоко тажна. Моите мисли се со сите оние што ги загубија своите најблиски. Нека повредените закрепнат што е можно поскоро“,
додаде тој.
The fire mishap in Arpora, Goa is deeply saddening. My thoughts are with all those who have lost their loved ones. May the injured recover at the earliest. Spoke to Goa CM Dr. Pramod Sawant Ji about the situation. The State Government is providing all possible assistance to those…
— Narendra Modi (@narendramodi) December 7, 2025
Слики што кружат на социјалните мрежи покажуваат како спасувачките екипи брзаат со неколку луѓе во возила за итни случаи. Видеоснимките објавени на интернет, исто така, покажуваат огнени топки и густ чад што се издига од ниска зграда.
„Пожарот беше главно концентриран околу кујната на приземјето. Се случи околу полноќ. Сега е ставен под контрола. Повеќето тела беа пронајдени околу кујната, што укажува дека жртвите биле вработени во клубот“,
рече Алок Кумар, генерален директор на полицијата на Гоа.
Три лица починале од изгореници, додека другите починале од задушување.
Би-би-си разговараше со сведоци на местото на настанот, кои опишаа сцени на паника во живата ноќна зона.
„Индијан експрес“ објави дека пожарот избувнал во клуб наречен „Бирч“ кај Ромео Лејн во Бага, кој се наоѓа на една од најпопуларните плажи во крајбрежниот регион. Областа каде што се случи пожарот е исполнета со слични места за ноќен живот, каде што туристите и посетителите на забавите може да се видат како излегуваат од преполните клубови.
Гоа е популарна дестинација, а нејзиниот ноќен живот, песочните плажи и одморалиштата привлекуваат милиони туристи годишно. Околу 5,5 милиони туристи ја посетиле во првата половина од годината, од кои 270 000 биле посетители од странство.
Индија во последните години доживеа голем број смртоносни пожари на места за забава.
