Од ЦУК велат дека се известени од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, кои веќе интервенираат и најверојатно пожарот ќе биде изгаснат за кратко

Бригадата за противпожарна заштита утринава интервенира во гаснење на пожар во близина на куќите во населбата Ѓорче Петров, од левата страна на реката Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пријавата за пожар е добиена на бројот 112.
„Во ЦУК на 112 е добиена пријава за пожар во населба Ѓорче Петров, покрај мостот, карши бензинската пумпа на ‘Макпетрол’, лева страна на реката Вардар. Во близина има куќи. Бригадата за противпожарна заштита Скопје се известени, веќе интервенираат и најверојатно ќе биде изгаснат за кратко“,
додаваат од ЦУК.
