Отворен во 2005 година, хотелот со 225 соби е познат по својот импресивен атриум висок 40 метри
Голем пожар избувна во хотелот „Нуево“ во Мадрид, а голем пламен се издига од едниот агол од фасадата на висококатницата.
Хотелот се наоѓа веднаш до северниот дел од главната обиколница М-30 во главниот град на Шпанија.

Ројтерс, повикувајќи се на портпаролката на одделот за итни случаи во Мадрид, објави дека околу 200 лица се евакуирани од хотелот, но нема повредени.
„Никој не беше повреден по навремената евакуација на хотелот кој беше во пламен“,
изјавила портпаролката, додавајќи дека причината за пожарот сè уште не е позната.
Петнаесет противпожарни екипи, амбуланти и полициски патроли се на самото место.

Хотелот се запалил околу 19 часот, при што густ чад се гледал од видлива од неколку точки во Мадрид.
Отворен во 2005 година, хотелот со 225 соби е познат по својот импресивен атриум висок 40 метри.