Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески за МИА изјави дека најверојатна причина е дефект на електрична инсталација
Пожар избувна во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, а најверојатна причина е дефект на електрична инсталација, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на Скопје.
Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари.
Пожарот е пријавен околу 12 часот и повеќе детали се очекуваат подоцна.
