Надлежните потврдија дека во зградата имало четири детектори за пожар, но дека ниту еден од нив не работел
Во голем пожар во куќа во Филаделфија загинаа 13 лица, меѓу кои седум деца, а две лица се хоспитализирани, соопштија пожарникарите, пренесува АП.
Надлежните потврдија дека во зградата имало четири детектори за пожар, но дека ниту еден од нив не работел. Во трикатната зграда имало 26 лица.
Пожарникарите и полицијата пристигнале на местото на пожарот во трикатна куќа во градот Фермаунт околу 6:40 часот и затекнале пламен на вториот кат.
Пожарот е ставен под контрола по помалку од еден час.