Според Ангелов, пожарот не е алармантен, но неговото гасење е сложен процес

Голем пожар попладнево изби во депонијата „Дрисла“, објави директорот на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Според него, пожарот не е алармантен, но неговото гаснење е сложен процес.

„Пожарот не е алармантен. Бригадата за противпожарна заштита на Скопје работи на негово гаснење. Гасењето пожар на која било депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови“,
посочи Ангелов.
Тој додаде дека постојат сомненија оти пожарот е предизвикан намерно и потсети дека летово имавме рекордно високи температури, но „Дрисла“ не се самозапали.
„Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата ‘Дрисла’, направени се противпожарни појаси за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек“,
посочи Ангелов.