Тетовските пожарникари попладнево интервенираат за гаснење на пожарот што се случи во индустрискиот дел на градот, во близина на спортско-рекреативниот центар.

Пожарот е пријавен во полицијата во 15.30 часот и зафатил неколку монтажни објекти-бараки.
„На местото на пожарот испратени се служби на СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и причинетата материјална штета“, изјави Марјан Јосифоски порпарол на СВР Тетово.
Нема информации за повредени лица.