Како што соопшти Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС, при гаснењето противпожарните екипи се попречувани од припадници на една етничка заедница што живее на и околу опожареното место. Со цел гаснењето на пожарот да се одвива непречено, побарана е полициска интервенција
Попладнево изби пожар во близина на скопскиот Аквадукт кај булеварот „Словенија“, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Пожарот зафати трева, грмушки, но и поголема количина на расфрлано ѓубре што се наоѓа на опожарениот простор“,
велат оттаму.
Пожарот, како што информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов е ставен под контрола, а очекува за брзо време да биде и целосно изгаснат.
На терен веднаш се упатија екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита со три возила и девет пожарникари.
„При гаснењето противпожарните екипи се попречувани од припадници на една етничка заедница што живее на и околу опожареното место. Поради тоа, побарана е полициска интервенција, со цел непречено одвивање на гаснењето“,
соопшти Ангелов.
Инаку, скопскиот Аквадук е споменик на културата од особено значење и значаен белег на градот.