Пожарникарите велат дека нема опасност од негово проширување
Пожар вечерва извибна во галијата на реката Вардар, што се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј ин“ во центарот на главниот град, информираат за МИА од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Пожарникарите се на терен и веќе интервенираат за гаснење на пожарот.
Комантирот на Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски вели дека пожарот се гаснее со едно возило и пет пожарникари.
„Нема опасност од проширување на пожарот“,
изјави Томевски.