Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје
Пожар избувна во две куќи во скопката населба Лисиче, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Еден од сопствениците на едната куќа се здоби со повреди, по што е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 02.08.2025 во 01:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Ѓорче Андреевиќ – Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, од кои едната е во сопственост на С.С. на возраст од 61 година и Д.Ѓ. (30). Во делот на кровот, пак, е опожарена куќата на С.Г. на 57-годишна возраст“,
се вели во полицискиот извештај.
Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Еден сопствениците на една куќа се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен на Клиничкиот центар во Скопје на укажување помош.
Според полицијата, увид на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.