Спасени се две неподвижни лица, а меѓу погодените има и три деца, од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба
Целосно изгореа денеска четири социјални бараки во прилепската населба Варош, под Марковите кули. Во големиот пожар, 11 жители на градот останаа без своите домови.
Како што јави МИА, пожарникарите и жителите, во последен момен,т спасуваа човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу погодените има и три деца, од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.
„Видов дека гори кај соседите. Третата барака, лепенка, гореше. Во бараката до нас децата беа сами, ги извадивме. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, беше сам во просторија. И татко ми е неподвижен, и него требаше да го извлечат. Пожарната дојде веднаш, се што беше до ни, направија“,
вознемирено раскажува Ангела Китаноска.

Како што известува МИА, Тони Лоџев не бил дома. Благодарен е што го спасиле татко му, ама петчленото семејство сега е на улица и му треба помош.
„Не бев дома, додека дојдов ми кажаа дека го извлекле татко ми. Се е уништено. Ние пет члена останавме на учлица. Решко е. Не сме моќни. Ни треба помош. Сега сме без ништо“,
вели Тони Лоџев.
Речиси два часа, повеќе од 10 пожарникари, со неколку возила, го гаснеа пожарот кој бил пријавен околу 10:30 часот. Сомнежот е во спој на апарат за акумулатори, но не е потврдено.
Локалната самоуправа најави помош. Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, вели дека семејствата ќе бидат привремено згрижени.
„Ќе помогнеме. Ќе ги сместиме во институции, а потоа локалната самоуправа материјално ќе помогне. Ќе направиме логистика за и другида помогнат“,
изјави Јованоски кој го посети местото.