Jас сум сигурен дека овој пожар нема да го загрози селото. Прашање е само колкава штета ќе нанесе на природата околу селото, вели Ангелов

Попладнево повторно се разгорел крак од пожарот на планината Готен, над радовишкото село Подареш, соопшти раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој вели дека овој пожар го гаснат петнаесетина дена.
„Тогаш кога сме сигурни дека е изгаснат, повторно се буди на некое место. Се разбуди во борова шума, на место каде е многу тешко за гаснење. Подолу има пат, ќе се обидеме да го сопреме на патот. Другиот крак успеавме да го сопреме. Исклучително комплексен шумски пожар, некаде гори ниска и деградирана шума, но некаде гори и квалитетна борова шума“,
информира Ангелов попладнево.
Ангелов посочи дека на местото интервенирал полицискиот хеликоптер, а на терен се противпожарните екипи на општината, екипи на „Национални шуми“, но и доста лица од месното население.
„Јас сум сигурен дека овој пожар нема да го загрози селото. Прашање е само колкава штета ќе нанесе на природата околу селото“,
посочи тој.