Брoјката на хоспитализирани во целата држава надмина 1 000. Во Скопје утрово има 50 слободни места, во цела држава 350
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава надмина 1 000 (1 015) и има околу 350 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид – центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во Скопје за иминатото деноноќие се примени 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупниот број на оние кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 428.
Најмногу од примите во последното деноноќие, се на Интерните клиники – 36.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти и 3 биле примени на Инфективната клиника, додека во Козле 8 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните клиники се лекуваат најмногу пациенти 192, потоа на Инфективната клиника 129, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76, на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти и на ГАК има 6 хоспитализирани ковид – позитивни пациентки.
Според податоците од МЗ, има околу 50 слободни кревети во скопските болници, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Голем број хоспитализани и во Прилеп и во Кавадарци
Состојбата во останатите ковид-центри во земјава е следна: во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти, во Штип 38, на инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42, во Куманово 92, во ковид – центарот во Охрид има 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид – центарот во Гостивар 31, а во Струга 18, во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13.
Вчера, по подолго време беа регистрирани над 1 000 новозаразени во 24 часа.